АктуелноОхрид

Лице од Струга управувал моторно возило без положен возачки испит

На 12.03.2026 во 20 часот, на улицата „Глобочица“ во Струга, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, од слобода го лишија лице на (47) од Струга.

При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле мопед со струшки регистарски ознаки и притоа, констатирале дека тој немал положено возачки испит и нема право на управување моторно возило.

По насоки на јавен обвинител, мопедот е одземен и по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.