На 12 март 2026 година, студијата Студио Елит Мари и Студио Арт ќе ги отворат своите врати за хуманитарна акција, со цел да се помогне во лекувањето на малата Ева.
Од 9 до 17 часот, целиот дневен промет од услугите во студијата ќе биде дониран за лекувањето на девојчето. Организаторите упатуваат покана до сите граѓани кои сакаат да се вклучат и да дадат свој придонес во оваа хумана иницијатива.
Во рамки на настанот ќе има и продажба на вкусни производи подготвени од Kettering Chana, како и производи за нега на коса обезбедени од соработниците на студијата.
Организаторите информираат дека на денот на хуманитарната акција нема да се работи со закажување, туку сите посетители ќе бидат примени без претходен термин.
„Со срце за Ева“ е пораката со која иницијаторите ги повикуваат граѓаните да покажат хуманост и солидарност и заеднички да помогнат во лекувањето на малата Ева.











