Денеска во Охрид ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот турнир „Охрид Опен 2026“ во олимписко таеквондо, второ во официјалната прва македонска таеквондо лига.
Со учество на 250 натпреварувачи, борбите започнуваат во 09:00, а официјалното отворање на турнирот е закажано за 12:30 часот.
– Ова е еден нов проект со министерството за спорт што веќе постепено го прифаќаат и другите индивидуални спортови. Кратко, разлика меѓу лига и државно првенство. Државен шампион може да стане натпреварувач кој не учествувал на ниеден друг натпревар освен на државното, а во лига системот за еден натпреварувач да стане државен шампион мора да ги победи сите турнири што ги има во една година официјални во лигата како би стенал државен шампион во својата категорија. Што значи целта на теквондо или воопшто на која било лига во индивидуалните спортови би била калење на спортстите и креирање на врвни натпреварувачи во конкретниот спорт. „Охрид Опен 2026“ неслучајно е ставен прв во годинашната сезона во лигата, бидејќи условите што градот Охрид ги нуди за овој спорт (салата, климатските услови) затоа три пати годишно правиме подготовки на репрезентација. Категориите се во 4 старосни групи, тоа ни се пионери или ние ги викаме Деца 1 и Деца 2, тоа се од 6 до 10 години, потоа ни доаѓаат кадетите, па јуниорите и на крај сениорите, тоа се 4 старосни групи и бодувањето во Лигата е според тие старосни групи, значи секоја старосна група има свое посебно бодување за прво, второ и трето место. На крај на година сите тие бодови се собираат и се добива ранг листата во Македонската теквондо федерација, односно во Министерството за спорт. Мора да знаеме дека ова е пилот проект и доказ дека ние Лигата ја спроведуваме точно како што треба е тоа што веќе неколку федерации имаат кај нас испратено луѓе, како се работи тој систем, како да го одработат, кај нив. Државно првенство може да направите со 10, 15, 20 натпреварувачи, воопшто не е важен бројот на натпреварувачи, меѓутоа Лига систем не може да направите со 20 натпреварувачи. Затоа, во Македонија турнирите претежно од Лига системот се од 200 до 350 натпреварувачи, со тоа што во соработка со Министерството за спорт ние дозволивме да има на самиот Лига систем турнир и гости од страна, бидејќи тогаш квалитетот на нашите борци е многу поразличен. Ако еден наш борец шест турнири со ред го освојува првото место, тоа значи дека не само кај нас што е најдобар, туку и меѓу околината или тие што се пријавуваат. Како што кажав, пријавувањето е до 5-ти март, очекуваме од 250 до 300 натпреварувачи, за жал, оваа година имаме добри натпреварувачи кои доаѓаат од Црна Гора и Албанија. Кога ќе речам добри, мислам добри во споредба со нашите борци, нашите категории, баш таму каде што ние имаме добри дечки, тие носат нивни. Меѓутоа, оваа година во Албанија во исто време во Скадар има натпревар и во Љубљана има Г1 турнир, односно турнир каде се собираат бодови за олимписка норма. Црногорците имаат двајца нивни добри натпреварувачи што одат таму, така да можеби ќе дојдат, но со помала екипа, изјави неодамна во интервју за Супер радио и OhridPress Аце Јосифоски, тренер во клубот „Хва Ранг Фист“ и член на Собранието на Македонската таеквондо федерација.
Тој открива дека оваа година, наместо плакети и признанија на сите нивни пријатели и спонзори, средствата за оваа намена ќе се донираат за помош на младата охриѓанка Ева која се бори со агресивна форма на рак.. Во салата ќе има и кутија за донации, во која ќе можат да донираат сите посетители на турнирот.
ohridpress.mk











