АктуелноОхрид

Се укинува забраната за пиење на водата во с. Долно Лакочереј додека на сила е забрана за пиење на водата во с. Горно Лакочереј

ЈП ВОДОВОД Охрид ги известува жителите на с.Долно Лакочереј дека по извршените дополнителни анализи на водата за пиење од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Охрид и добиените резултати, се укинува забраната за пиење на водата.
Во с.Горно Лакочереј сеуште е во сила забраната за пиење на водата.