Општина Струга информира дека на 16 овој месец ќе се одржи аукција за продажба на автомобилот Ауди А6 со почетна цена од 1.344.636 денари или околу 21.800 евра.
Аукцијата, како што соопшти општинската прес-служба, ќе почне во 10 часот на интернет страницата e-stvari.mk.
– Со средствата од продажбата на автомобилот ќе се набави комбе кое ќе служи за потребите на општинската администрација и спортските клубови во градот, стои во информацијата.
Оттаму информираат дека огласот бр. 1/2026 за продажба на подвижни предмети – патничко моторно возило, преку електронска аукција е објавен и во Службен весник.
– Ги покануваме сите заинтересирани страни да учествуваат на соодветната аукција. На аукцијата ќе бидат објавени сите информации за возилото, како и потребните упатства за аплицирање, информира Општина Струга.
Авомобилот, Ауди А6, кој Општина Струга го купи 67.000 евра, во времето кога градоначалник беше Рамиз Мерко крена дебата во јавноста дека е набавен во време кога општината била со блокирана сметка. Против Мерко се водеше судски спор, на кој судот во Струга одлучи дека нема вина за набавката на луксузното возило.
kanal77.mk











