По повод Месецот на ретки болести, ве покануваме на стручен настан посветен на Фридрајховата атаксија — ретко генетско заболување кое води до прогресивно нарушување на координацијата и движењето.
Овој настан е плод на соработката помеѓу охридските здруженија кои неуморно работат на едукација и поддршка: Здружението „Ретко е да си редок“ – Охрид и Здружението на лекари – Охрид. Нашата заедничка цел е преку споделување на најновите достигнувања, да обезбедиме подобра иднина за сите засегнати.
Посебен акцент на настанот: Покрај научната дискусија, особена чест ни е што на настанот ќе присуствуваат пациенти и нивни родители. Преку нивните лични сведоштва, ќе имаме можност од прва рака да ги слушнеме нивните искуства, предизвици и храброста со која се соочуваат во секојдневната борба со оваа ретка дијагноза.
Предавачи: Проф. д-р Дијана Плашеска-Каранфилска, проф. д-р Драгана Петровска Цветковска и д-р Маја Божиновска Смическа ќе ги презентираат најновите сознанија во генетиката и неврологијата.
Датум: 21 Февруари 2026 (сабота)
Час: 11:00 часот
Локација: Хотел Нова Ривиера, Охрид
За медицинските лица: Настанот е акредитиран од Лекарската Комора со 8 бодови.
Регистрација: Скенирајте го QR кодот од постерот.











