Месецот февруари е посветен на подигнување на свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејства.
Верувам дека преку континуирана поддршка и конкретни активности можеме да придонесеме за поголема и инклузија, поквалитетен живот и зајакнување на нивните права и достоинство.
Кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ има значајна улога во информирањето на јавноста, унапредувањето на разбирањето за овие состојби и разбивање на предрасудите.
Општина Охрид во континуитет ја поддржува оваа кампања, затоа што само преку заедничка соработка можеме да изградиме похумано и посолидарно општество.











