На 27.01.2026 година во 20:25 часот, на регионалниот пат Струга-Радожда, лишен од слобода е лице на (42) од струшкото село Заграчани, а на службен разговор е повикан лице на (44) од селото Калишта.
При извршена контрола во патничко моторно возило „хјундаи“ со струшки регистарски ознаки, во кое тие се превезувале, полициските службеници го забележале едно лице како исфрла марихуана.
Истата е пронајдена и одземена и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












