На 18.01.2026 во 03:55 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е лице на (33) од охридското село Лескоец кој, управувајќи го своето патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и предизвикал сообраќајна незгода.
По извршено алкотестирање, полициските службеници кај него констатирале 1,79 промили алкохол во крвта како и дека возилото го управувал иако имал активна прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од „Б“ категорија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.












