АктуелноОхрид

Охриѓанец агресивно се однесувал и упатувал закани кон 38-годишна жена од Охрид

На 15.01.2026 во 14:40 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода  лице на (49) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период агресивно се однесувал и упатувал закани на 38-годишна жена од Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.