АктуелноОхрид

Пецаков: Во пресрет на еден од најголемите христијански празници Богојавление – Водици, денес екипите работеа на терен за целосно чистење на пристаништето

Во пресрет на еден од најголемите христијански празници Богојавление – Водици, денес екипите работеа на терен за целосно чистење на пристаништето. Спустот во езерските води, од каде што традиционално влегуваат капачите, е исчистен од наноси на камења, песок и отпад.
Целта е да се обезбеди безбеден и непречен пристап за сите оние кои годинава ќе бидат дел од празничната манифестација и ќе се обидат да го фатат светиот крст.