Елена Ѓеорѓиевска Јовеска , Елизабета Андреска и Васко Ристески годинава се најсреќните меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ги најдоа паричките на заедничкиот појадок што по повод празникот Василица по традиција се одржува во институцијата.
Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески.
Градоначалникот Кирил Пецаков ги дарува новите кумови, со желба годината да им биде здрава, среќна и бериќетна.












