СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривична пријава против Т.Т. (52) од Охрид и Е.Д.Г. (43) од Радовиш поради сомнение дека сториле кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а ст.1 од КЗ. На 17.12.2025 од страна на овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор на Општина Охрид извршен бил увид на парцела во Велестово, каде како инвеститори биле прво и второ пријавениот, при што на лице место констатирана била градба приземен објект која што спаѓала во градба од втора категорија, односно се градело без правосилно Одобрение за градба.
Врз основа на констатираната состојба било изготвено Решение за отстранување на градбата.












