СВР Охрид до ОЈО Охрид поднесе кривична пријава против лице на (61) од Охрид и лице на (62) од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по чл.244-а ст.1 и „симнување или оштетување на службен печат или знак“ по чл.389 од КЗ.
На 12.03.2021 год. од страна на овластен градежен инспектор при Одделението за инспекциски надзор на Општина Охрид извршен бил увид на парцела во Велестово, каде како инвеститори биле прво и второ пријавениот, при што на лице место констатирана била градба станбен објект во градба од втора категорија, односно се градело без правосилно Одобрение за градба.
На 19.03.2021 од страна на овластен градежен инспектор на градилиштето била поставена службена лента за затворање на градилиштето, со службена табела со податоци од предметот за бесправна градба.
На 30.03.2021 бил извршен повторен контролен инспекциски надзор, при што било констатирано дека градежните активности не биле продолжени, но констатирано било дека службената лента за затворање на градилиштето, заедно со службената табела со податоци од предметот за бесправна градба биле незаконски отстранети од градилиштето.












