АктуелноОхрид

Лице од струшко Радолишта вршел јавен превоз без поседување лиценца

ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (64) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што е констатирано дека врши јавен превоз на патници, без да поседува лиценца издадена од надлежен Државен орган.