СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (35) од селото Подмољје, општина Дебрца и против правно лице со седиште во истото село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавената, во својство на сопственик и управител на правното лице, го пречекорила службеното овластување на тој начин што во шумско стопанската единица „Врбјанска шума“ покрај одобрената, извршила и бесправна сеча на огревно дабово и буково дрво.
Со тоа, пријавената, нананела штета на Јавното претпријатие „Национални шуми“, шумско стопанство Галичица-Охрид и се стекнала со противправна имотна корист од 142.170 денари.












