СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (66) и лице на (44), двајцата од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“.
Тие, на 05.12.2025 година се затекнати кај месноста „Габавци“, а во нивниот пловен објект, пронајдени се рибарски мрежи со улов од 147 парчиња риба белвица, крап и клен, со вкупна тежина од околу 18 килограми и друг разновиден риболовен алат.











