АктуелноОхрид

Почина лице од Албанија кое паднало од трафостаница во близина на с. Требеништа

На 19.12.2025 во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека врз  лице на (44) од Либражд, Република Албанија, при изведување работни активности на трафостаница во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, паднала работна машина-пумпа за бетон.

Тој со тешки повреди, со патничко возило бил пренесен во близина на аеродромот Охрид, каде бил предаден на екипа од Итната медицинска помош, која констатирала дека лицето  починало. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител,  полициски службеници и Државен инспекторат за труд.