АктуелноОхрид

Седница на собранието на Здружението на пензионери Охрид и Дебрца

Собранието на здружението на пензионерите на општинте Охрид и Дебрца на ден 17.12.2025 ја одржаа својата шеста редовна соедница со своите членови од мандатниот период 2023/27 во проширен состав.

Седницата се одржа во два дела и тоа работен ки свечен дел. Со седницата претседаваше Ристо Трајкоски , претседател на собранието .

Во работниот дел се донесоа повеќе одлуки за тековното работење на здружението, се донесе одлука за измени и дополнување на финансикиот план за 2025г.. Беше донесена Програмата за работа на здружението и финансикиот план за 2026г.

Членовите на здружението искажаа позитивни дискусии за доброто и сомакинско финансиско работење и пофални зборови за доделените хуманитарни плакети, излети, извршеното реновирање на делот од домот на пензионерите и постигнатите успеси и одлични резлутати од активностите на полето на спортот, кутлурата и други области.


Во свечениот дел од Седницата на Собранието со поканети поголем број на активисти пензиоенри и гости , по повод одржувањето на јубилејните 75. години од формирањето на пензионерското здружение Охрид и Дебрца. Најнапред свое пригодно обраќање имаше претседателот на ЗП васил Маркоски.Со свој краток историски осврт се обрати Ѓорги Трпжчески , поранешен претседател на ЗП.

Извршниот одбор со посебна одлука сосели во вид Благодарници за Општинха Охрид и дебрца, Црвениот крст и Тамаро ДООЕЛ Охрид за меѓусебна соработка иматеријална помош на здружението.

Како најактивни ограноци на здружението со пофалници беа истакнати огранокот на поранешна Мешеишка општина и огранокот на општина Дебрца за одличната организација на повеќе пензионерски средби во манастиеот Св. Петка , Oровник.

Посебно задоволство кај присутните пензионери предизвика присуството на свеченоста на градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, кој лично ја прими благодарницата и изрази задоволсвто за позитивната соработка со пензионерското здружение и од постигнатите успеси во повеќе области, а посебо на полето на културнот испортско живеење  на највозрасната популација и даде ветување дека и во иднина ќе настојува да продолжи успешната соработка и помош во пензионерскотоорганизирање и живеење во нашата општина.

 

 

 

Комсија за информирање при ЗП Охрид и Дебрца