СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (55)г. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Тој, на имот во државна сопственост, во близина на течението на реката Грашница во Охрид, неовластено и спротивно на одредбите од Законот за градба, изградил објект за лични потреби.











