7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид е денот кога Охрид ја доби својата слобода, а нашата историја ја испиша една од најсветлите страници.
Нека споменот на борците кои го ослободија нашиот град од фашистичкиот окупатор биде вечен потсетник дека слободата не е подарок, туку идеал за кој се живее, се бори и се гради. Нека нивната пожртвуваност нè инспирира да бидеме достоинствени наследници со ум, срце и дело.
Нека 7 Ноември ни биде поттик да продолжиме да го градиме Охрид со мудрост, со срце и со визија.
Делегации на Општинскиот Комитет и пратениците во Собранието на Македонија положија свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците во Спомен-паркот на револуцијата.









