АктуелноОхрид

Со свечена академија „Охридска музичка антологија“ што се одржа во ЦК „Григор Прличев“ започнаа чествувањата по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид

Во предвечерието на 7 Ноември по 81 пат прославуваме за слободата на нашиот чудесен Охрид, славиме за едно големо време и едни големи луѓе кои со живот ја заработија слободата во која денес ние живееме.
Чествувајќи го денешниот ден, како празник на нашиов Охрид, уште еднаш го исполнуваме аманетот со крв испишан од партизаните.
Славејќи ја нивната жртва за слободен град , уште еднаш потврдуваме дека нашиот народ има сила да чекори кон вечноста!
Денес славиме за хероите на претходното, наше и идно време. Јасна Ристеска, Андон Дуков, Петре Пирузе, Момчило Јорданоски, Кирил Главинчев се само дел од плејадата млади охриѓани кои никогаш нема да бидат однесени во заборав, затоа што нив им ја должиме слободата. На овој ден, славиме и за оние без кои големите револуционери не би можеле да ја водат битката за Охрид. Тоа се мажите, жените, па дури и децата, кои со својот придонес ја поддржале македонската борба за права и еднаквост со останатите народи, со кои рамо до рамо се боревме во антифашистичката војна.
Само синови и ќерки на Македонија можат да истраат тогаш кога е тешко. Само тие можат да дадат се од себе, бидејќи станува збор за нивните домови и семејства, за нивната земја!
Чествувањата за празникот продолжуваат утре со полагање цвеќе пред спомен обележјата на борците во дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и пред спомен обележјето на Јасна Ристеска во с. Рамне.