Горан Каафилоски, истакнат активист на СДСМ во Кичево, со повеќегодишна партиска активност, бивш секретар на општиснката органзиација на СДСМ Кичево и директор на едно училиште , на Фејсбук објави фотографија на која е Бранко Црвенкоски заедно со негови сопартијци Кичевчани, кои активно работеа Македонец да победи на изборите во градот и да се стави крај на раскалашаната власт на ДУИ. Во коментарите на Фејсбук, Кичевчани коментираат дека појавата на Бранко Црвенкоски силно ги мотивирала, или како што коментираат: “сенката му е голема”, а има и коментари со кои старото членство го бара да се врати во СДСМ.
Црвенкоски направи поместувања и во Охрид, од како седнал на ручек со актуелниот градоначалник и раководството на локалните тела на ВМРО ДПМНЕ, а членови на СДСМ го фотографираа и медиуми блиски до СДСМ ја објавија фотографијата, гест со кој активистите си „пукаа во нога“, бидејќи според познавачите на приликите таа фотографија му одзеде на СДСМ Охрид одреден број гласови и ги пренесе на листата на ЗНАМ и на кандидатот Пецаков.
Постот на Горан Карафилоски го пренесуваме во целост.
👊Многу од своите не отпишуваа, доста било од овој, оној, сакале нови, а новите до пред две години беа раководни лица во општинската и членови со години како сите нас отпишаните, но имаше кој знаеше да не мотивира и активира секоjа средба со него од време била значајна и победничка, така и овојпат и се дојде до победа.
Но треба да се знае дека покрај една серија отпишаните имаше и продолжение на серијата како враќање на отпишаните.
Секој ќе си ја понесе одговорноста, чесно е да си ја согледаат вистинската состојба и способност, да ги остават клучевите и светлото пуштено затоа што не згаснува ништо со никого.
Другари од централата со нетрпение ве очекувам јас, а знам и верувам и многу други да дојдете во Кичево, посебно потпретседателите и ген. секретар да објасните дали личните интереси, пријателствата, приватни врски какви и да се и водени само од клиентелизам, дали со тоа и помогнавте на партијата, на општинската или на противникот.
Јас Горан Карафилоски сум и можам да бидам само СДСМ и ништо друго и во најтешките мигови сум бил како викаат само СДСМ до гроб. – ова до загрижените кај бил Горан 😀 се утепавте месеципол од мелење, мелење… не врви дечки се гледаме за кратко 😀










