Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид, член на Македонската традиционална Таеквон-до федерација, викендов (25.10.2025) учествуваше на меѓународниот натпревар „Дубровник Опен 2025“ во Хрватска. На турнирот настапија над 700 натпреварувачи од 9 европски земји – Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, Албанија, Бугарија, Полска, Австрија и Македонија.

Боите на охридскиот клуб, под водство на Христијана Парулеска, ги бранеа пет млади натпреварувачки кои се натпреваруваа во дисциплината форми. И покрај силната конкуренција, тие постигнаа одличен успех, освојувајќи два златни и два бронзени медали.
Златни медали:

• Теодора Тодороска – јуниорки 16–17 години, зелен појас
• Христина Шибакоска – јуниорки 16–17 години, жолт појас
Бронзени медали:

• Миа Танеска – кадетки 12–13 години, црвен појас
• Анастасија Чулческа – јуниорки 16–17 години, плав појас
Адријана Китаноска, која настапи во категоријата девојчиња 10–11 години, жолт појас, беше сопрена во вториот круг и овојпат остана без медал.

Претставничките, предводени од Христијана Парулеска, која има испишано историја во македонскиот спорт, достоинствено го претставија клубот и докажаа дека можат рамноправно да се носат со врсничките од регионот.

– Овие резултати покажуваат дека нашите млади таленти одат по стапките на Христијана Парулеска и дека можеме да очекуваме уште поголеми успеси на идни европски и светски првенства, истакна Марјанчо Лазаревски, претседател на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација.
Тој изрази голема благодарност до генералниот спонзор ПН Метал, Општина Охрид и Министерството за спорт за континуираната поддршка на нивниот спорт.












