На 24.10.2025 во 00:10 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 17 –годишник од Република Албанија. Претходно, тој е затекнат во влез во зграда на улицата „7 Ноември“ и по преземени мерки констатирано е дека илегално влегол во државата и сторил прекршок по член 10 од Законот за странци.
Тој е задржан во полициска станица и по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












