ОВР Кичево поднесе кривична пријава против лице на (59)г. од кичевското село Зајас, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Вршење на јавен превоз без поседување лиценца“, по член 284 од Кривичниот законик.
При контрола на магистралниот пат Кичево-Охрид, извршена на 30.09.2025 година во 10:10 часот, полициските службеници го затекнале пријавениот како со сопствениот автомобил „пасат“ со такси ознака, врши превоз на патници, без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган.












