АктуелноОхрид

Пронајдена опојна дрога марихуана во дом кај лице од струшко Подгорци

ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (27)г. од струшкото село Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.