АктуелноОхрид

Пијана жена агресивно се однесувала кон случајни минувачи во Кичево

На 06.10.2025 во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја приведоа лице на (39)г  од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Пролетерски бригади“ во Кичево  го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување кон случајните минувачи.

При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени ѝ се 2,48 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.