АктуелноОхрид

(ФОТО) Политичката партијата „Знам“ својата изборна кампања ја започна од Лескоец

Политичката партија „Знам“ својата изборна кампања ја започна со претправување пред мештаните од с. Лескоец. Предводени од носителката на изнборната листа Марина Ѓоргоска ја претставија својата изборна програма и предвидени планови за овој дел.

Од ЗНАМ истакнаа дека изборот Лескоец да биде првата точка на нивната кампања не е случаен – селото го сметаат за симбол на упорноста и желбата за подобар живот во локалните заедници.

„Нашата визија започнува токму од народот, од секое маало, секое село и секоја населба. Затоа сме овде, во Лескоец, за да ја потврдиме нашата заложба дека ќе бидеме блиску до граѓаните и нивните реални проблеми,“ порачаа претставниците на партијата.

Во своето обраќање, тие нагласија дека ќе се залагаат за подобрување на инфраструктурата, почиста животна средина, нови работни можности и поголема поддршка за младите и земјоделците.

Кампањата на ЗНАМ ќе продолжи и во другите населени места низ Охридскиот регион, а од партијата најавија дека ќе водат позитивна и транспарентна политичка борба, фокусирана на решенија, а не на поделби.

Со почетокот во Лескоец, ЗНАМ ја испрати пораката дека промените започнуваат од основата – од луѓето, нивните потреби и нивната надеж за подобра иднина.