АктуелноОхрид

Лице од Вевчани возејќи удрило во лице од Неготино

На 13.09.2025 околу 20:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионален пат кај клучка за с.Подгорци, патничко возило „фолксваген поло“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од лице на (42) од Вевчани, струшко удрило во лице на (48) од Неготино, кој претходно излегол од неговото возило.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил едно лице, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга и јавен обвинител, по чија наредба околу 22:45 часот возачот  е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик.