АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ЖИВО) Пуштен во употреба уште еден дел од автопатот Кичево-Охрид

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кај клучката кај аеродромот „Св. апостол Павле“ ќе присуствува на пуштање вo употреба на дел од автопат Кичево – Охрид, делница Климештани-Охрид.

Како што информираа од владината прес-служба и од Министерството за транспорт, на настанот се обраќаат претседателот на Владата, Мицкоски, а на настанот  присуствуваат и изјави ќе дадат и потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.