Граѓаните на Охрид имаат право да знаат за сериозните злоупотреби, финансиска недисциплина и нефункционално управување со јавното претпријатие „Охридски комуналец“, кое под раководство на директорот Сашо Најдески се претвори во симбол на нетранспарентност и неодговорност.
Освен негативниот извештај од Државниот завод за ревизија и директните посочувања токму кон Директорот кој покажа исклучителна непочит кон истата оваа организација, внатрешните извештаи и реакциите на вработените, говорат за следново:
• Нерационална потрошувачка на гориво – Во текот на 2023 година, податоците велат дека се евидентирани 27.000 литри дизел потрошени за неисправни возила, како и дополнителни 10.000 литри за неевидентирани возила – без никаква соодветна документација, што отвора сомнеж.
Сомнителна потрошувачка за половен булдожер – половен булдожер кој работел само три месеци, се потрошени речиси 991.000 денари (околу 16.000 литри дизел), повторно без никаква техничка или правна оправданост?
• Прекумерни трошоци за сервисирање возила – Како е можно за сервисирање на само шест возила да се потрошени од 6.000 до 18.000 евра по возило, а за едно исто возило се барале исти резервни делови во краток период, со што се правеле дупли трошоци без економска логика. За неисправни возила, вклучително и оние веќе расходувани, се потрошени 863.000 денари за делови и 229.000 денари за гуми.
• Неспособна кадровска политика – Во моментот, податоците велат дека 30 работни места се пополнети со лица со понизок степен на стручна подготовка од она што го бара систематизацијата, со што директно се нарушува ефикасноста и законитоста на работењето.
• Цените на услугите се зголемени за 40 отсто. И покрај превработеноста во претпријатието, истото работи со загуба и континуирано имаме град кој е нечист, валкан, полн со ѓубре и непријатна миризба.
Селективна исплата на плати – Податоците велат дека утврдена е практика на исплата на аванси врз основа на рачно напишани барања, без критериуми, со дискреционо право на директорот, што е целосно спротивно на принципите на финансиска транспарентност.
Овие податоци не се само бројки – тие се показател за нефункционално, коруптивно и несоодветно управување со јавното претпријатие, кое треба да служи на граѓаните, а не на поединци и нивните интереси.
Згора на сето тоа, директорот на ЈП ,,Охридски Комуналец” се обиде да го демантира и извештајот на Државниот завод за ревизија и се обиде повторно да ја манипулира јавноста со лаги и невистини. Функцијата директор претставува пред се’ темелитост и отчетност пред граѓаните, но и пред институциите, а не проѕирно и паушално, несериозно и непрофесионално однесување со истите.
Знаеме и сигурни сме дека вработените во ова јавно претпријатие, каде има професионалци и чесни луѓе, не се горди на овој ревизиски извештај и ја препознаваат потребата за промени како и враќање на реномето на ова јавно претпријатие.
https://www.facebook.com/share/v/16kceEjHgi/












