АктуелноОхрид

Денес со прекин во работа неколку часа ќе биде пумпната станица Орман

Поради интервенција на електродистрибутивната мрежа од страна на EVN Македонија, на ден 28.07.2025 година (Понеделник), од 09:00 часот неколку часа во прекин со работа ќе биде пумпената станица Орман. Во овој период намален притисок и можни прекини во водоснабдувањето ќе има на улиците: “Железничка”, “Стив Наумов”, “Гоце Делчев” со споредните улици од населбите Воска и Далјан, дел од бул.”Туристичка”, населбата Чекоштина и с.Орман.