АктуелноОхрид

Засилени контроли во патниот сообраќај, 15 возачи возеле под дејство на алкохол

На 05/06.07.2025 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај.

Притоа, полициските службеници контролирале 278 возачи на моторни возила (Охрид-110, Струга-73, Кичево-59, Дебар-36) и при извршено алкотестирање, констатирале дека 15 возачи ги управувале возилата под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-03, Кичево-01, Дебар-03).

Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.