АктуелноОхрид

Одземена опојна дрога марихуана од лице од Охрид , пронајдена во неговото возило

На 06.07.2025 година во 00.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од ОВР Струга, од слобода го лишија лице на (38) од Охрид.

При извршен преглед во возилото „Голф“ со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, кај него пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.