АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Се чисти дното на Охридското Езеро кај Градското пристаниште од наталожената тиња

Со соодветна механизација се чисти дното на Охридското Езеро кај Градското пристаниште од наталожената тиња.

Станува збор за активност која беше потребна и барана, особено од охридските бродари, кои имаа проблеми при закотвувањето на бродовите.

Охридското пристаниште е градено во предвоениот период и забот на времето си го прави своето. И тоа и она во Св. Наум опстојуваат само како резултат на квалитетното градење во тоа време. Пристаништето е е изградено за време на кралството Југославија, во далечната 1938 година.