Врз основа на Правилникот за пофалување, наградување и изрекување педагошки мерки, на денешниот Наставнички совет ООУ ,,Св. Климент Охридски ” го избра својот првенец на генерација за учебната 2024/2025 година, а тоа е ученичката Лана Трпкоска.
Како училиште сме горди што имавме ученичка која освен одличниот успех и низа освоени награди на регионални и државни натпревари се истакнува како пример за другарство, негување позитивни вредности, хуманост, солидарност, сестраност и натпреварувачки дух.
И честитаме и и посакуваме многу успех во иднина.