На 28.05.2025 година во 14.50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е (31) годишен жите од Охрид. Тој, откако ги забележал полициските службеници кои вршеле контрола на улицата „Васил Главинов“ во Охрид, исфрлил најлонска опаковка со опојна дрога марихуана која е пронајдена и одземена. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












