АктуелноОхрид

Малолетник нападнал друг малолетник пред зграда на улица „Карпош Војвода“

На 20.05.2025 во 21.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред зграда на улица „Карпош Војвода“ во Охрид, по меѓусебна расправија, 16 – годишник физички нападнал 14 – годишник, двајцата од Охрид. Во СВР Охрид, во присуство на родител, извршен е разговор со напаѓачот и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.