На 17.05.2025 во 18.55 часот, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода (32) годишен маж од прилепското село Пласница. Во близина на полициската станица во Кичево, тој со спреј го нападнал и испрскал по лицето (28) годишен маж од кичевското село Туин, а потоа и полициски службеници кои се обидоа да го спречат во намерата. По документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.












