На ден 22,04, 2025х согласно годишната програма за работа и финансискиот план за 2025г и одлука на извршниот одбор а повод Велигденските празници беше извршена посета во Геријатриското одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид од страна на претставници на ЗП Охрид и Дебарца во состав на Васиол Маркоски, претседател и Номче Цаноски подпретседател на ИО, Стефан Владимиров, секретар на здружението, Васка Ангелеска претседателка на комисијата за здравство и Горка Донеска, претседателка на активот на пензионерките каде на затекнатите 23 пензионери и други лица му беше честитан верскиот празник Велигден и им беше доделена хуманитарна материјална помош која се состоеше од маици, храна и велигденски јајца.
При остварената посета беше направен разговор со вработените лица за состојбата за сместување во геријатриското одделение а со сместените лица за нивната здравствена состојба и каква е грижата од персоналот и како ги поминуваат деновите во геријатриското одделение.
На крај на посетата на сите присутни во геријатриското одделение во Охрид им посакавме добро здравје и долг живот и пак да се видиме.
ЗП Охрид и Дебрца Охрид
Комисија за информирање.
