Денеска (23.03.2025) во 00.20 часот, на магистралниот пат Охрид – село Подмољје, патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од (51) годишен скопјенец излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
