АктуелноОхрид

Приведен охриѓанец кој бил агресивен кон полициски службеници

На 22.03.2025 во 15.35 часот, на улицата „Кленоец“ во Охрид, приведен е (46) годишен маж од Охрид. Тој, бил агресивен кон полициски службеници кои вршеле увид по случена сообраќајна незгода и се обидел да делува врз патничкиот автомобил кој бил учесник во незгодата. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.