Возљубени верници во Христа Господа,овие денови за жал сме сведоци на преголема трагедија, во која животот го загубија 59 лица,а голем број се во тешка и критична состојба. Црквата,секогаш прибегнувала и наоѓала утеха во молитвите и молитвословијата препишани според потребите,особено во тешки искушенија и маки како оваа,а сета надеж ја полага во Бога,Богородица и Светиите.
Со таа цел ве замолуваме усрдно да ги упатиме нашите заеднички молитви кон Спасителот наш,како со лично присуство на Богослужбите така и со индивидуални молитви во домовите.
+Сабота (22.03)ќе се отслужи Божествена Литургија за Упокоените и настраданите на овој немил настан со почеток во 8:45часот.
Нека Семилостивиот Бог ги услиша сите молитви и воздишки на најблиските,да им подари Царство Небесно на упокоените,како и да ги утеши сите нажалени души.
Бог не е Бог на мртвите туку на живите,” оти во Него се сите живи”(Лк.20,38).
Амин!
