На 14,03,2025г. Собранието на пензионерите ја одржа својата седница со која претседаваше Ристо Трајкоски, претседател на Собранието, на која се раазгледа и усвои извештајот за работата на ЗП Охрид и Дебрца и ТДУ клубот нс пензионерите и ги разгледа и усвои финансиските извештаи и прегледите за финансиското и материјалното работење за 2024 г.
На седницата која се одржа во проширен состав со членови и од другите органи и тела на ЗП, имаше поголем број на дискусии, предлози, прашања и пофалби за постигнатите резултати скоро во сите области на пензионерското живеење во Охрид како:
-Подобрувањето на животниот стандард на пензионерите , здравствената заштита, банско лекување, културно забавни дејности и еднодневни излети, хуманитарно социјална помош на ранливи категории, спортски активности и соработка со други ЗП.
За финансиското работење се искажаа само пофалби за домаќинското работење, рационалното трошење на пензионерскиот денар само за најпотребните приоритети за сите пензионери. Во оваа година ќе се вложат поголеми финансиски средства за реновирање на просториите во домот на пензионерите Охрид , кој е изграден пред 51 година.
Претседателот на ИО и ЗП Васил Маркоски даде кратки информации за сите донесени одлуки на ИО , за актуелните случувања во нашето ЗП и одговори на повеќе прашања од важно значење на нашите членови пензионери.
Комисијата за информирање при ЗП Охрид и Дебрца ги повикува сите пензионери/ки љубители на спортски активности и активности од групите од културата и уметноста , музика, песна, оро, за другарување во клубот на пензионери за договор и прирпеми за престојните спортски натпреварувања и учество на пензионерските ревии на песни и ора оваа година.
Средби се одржуваат секоја среда од 17-19 часот
повеќе информации на 070-743-870
