АктуелноОхрид

Фудбалерот Дејан Спасески од Охрид стана дел од македонската репрезентација

Младиот фудбалер Дејан Спасески од Охрид стана дел од македонската репезентација до 16 години.

Дејан Спасески  е професионално ангажиран во италијанскиот клуб Лече и живее и тренира фудбал во Италија.

Во летниот период кога престојува во родниот Охрид, Дејан кондицијата ја одржува тренирајќи со спортскиот тренер Илија Спасески во Б.К. Аждер Охрид.