АктуелноОхрид

Проглас од 1934 година Охриѓани да бидат гостољубиви со гостите кои го посетуваат градот

„ОХРИЃАНИ ДА БИДАТ ГОСТОЉУБИВИ СО ГОСТИТЕ КОИ ГО ПОСЕТУВААТ ГРАДОТ ОХРИД“ – Проглас од 1934 година …интересен факт е дека пишува МОЛБА а во исто време е НАРЕДБА 🙂
Додека пишувам за една тема од историјатот за градот Охрид во кој особено е значајна транзицијата од ИНДУСТРИСКИ во ТУРИСТИЧКИ центар (не културен, културен центар бил отсекогаш) често наоѓав низ историските записи, документација па и пропаганден материјал поврзан со сите својства за подобар туристички комодитет. Својствено на тоа сосема разбирливо е дека однесувањето на домаќините било ставено на пиедестал, и поради тоа се објавувале прогласи особено за гостољубивоста на месното население.
Мислам дека денес и тоа како сме подобрени во однос на овој аспект….
-пишува во својата објава на ФБ директорот на историскиот архив Охрид, Никола Митровиќ.