Националниот парк Галичица е првото заштитено подрачје во Северна Македонија во коешто се спроведува редовен мониторинг на пештерски екосистеми. Оваа активност се реализира во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“.


