АктуелноОхрид

Кривична пријава за Охриѓанец – полицијата кај него но и во неговиот дом пронашла марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против (47) годишно лоце од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед на улица „Кленоец“ во Охрид, а потоа и при претрес во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.