АктуелноОхрид

Отстранет споменикот на Григор Прличев кај „Долна порта“

Отстранет е дигиталниот-паметен споменик на Григор Прличев поставен на плоштадот на уметноста „Долна Порта“ во центарот на Охрид.

Истиот беше промовиран во август 2022 година и ги вкрстуваше вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на древниот Охрид.

Воскреснувањето на Григор Прличев преку алхемијата на најновите технологии беше дело на проф. д-р Анис Сефиданис и Друштвото за истражување и развој „Сефиданис“ од Охрид требаше да ни овозможи синхроно да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер. Станува збор за најсовремен производ кој е дел од новата Digital Humanities парадигма за новите, „паметни“ градови на иднината.

Екипата на OhridPress ги контактираше авторот и одговорните институции и наскоро ќе ве информираме за причините поради кои беше отстранет споменикот.

извор: ОхридПрес